Пеперутките и пчелите во цел свет умираат со алармантна брзина

„Итно е потребно да се обноват живеалиштата на инсектите, да се преиспита актуелната земјоделска практика, со посебен акцент на намалена употреба на пестициди и нивна замена со одржливи супстанции”, велат авторите на извештајот, потсетувајќи дека исто така треба да се води грижа за „заздравување” на загадените води, како во градовите, така и во руралните средини.

Share
Прочитај повеќе

Битолски „Водовод“ почна соработка со ЈП „Водовод“ од Призрен

Гостите од Призрен посебно се интересираа за системот СКАДА кој овозможува автоматско управување со распределбата на водата, откривање на загуби на вода и сигнализира промени во системот, посочи Горан Козаров, генерален директор на ЈП „Водовод“-Битола.

Share
Прочитај повеќе

Зголемен откупот на земјоделски производи

Како што соопшти Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 14,1 отсто, додека продажбата на земјоделски производи од сопствено производство бележи раст за 4,6 проценти.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ги олеснуваме условите за аплицирање, очекуваме повеќе апликации за градинарството

-Земјоделците можат да аплицираат за субвенции со минимилна вкупна површина со 0.2 хектари, а не како досега за минимум 0.2 хектари по градинарска култура. На овој начин се очекува драстично намалување на земјоделците кои во претходните години се одбивани заради  административни процедури и можни технички грешки при аплицирањето, а истовремено ќе се зголеми бројот на апликации за градинарство“, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите ги добија субвенциите пред почетокот на новата реколта, исплатени 9 милиони евра за одржување на лозови насади

-Како што ветивме, пред почетокот на новата производствена реколта, ден пред празникот  Свети Трифун,  Платежната агенција исплати близу 9 милиони евра на 15.208 лозари. Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото производство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Nestle очекува скок на продажбата во 2019-та година

Швајцарската компанија „Nestle“ очекува раст на продажбата со 3% во оваа година, откако успеа да го подобри своето претставување на пазарите во Кина и Северна Америка што помогна да се забрза растот на продажбата во 2018-та година по шест години на одложување, соопштува „Ројтерс“.

Share
Прочитај повеќе

Симболично беа закроени винови лози во Бегниште во организација на Здруженија на лозари и енолози

Симболично закројување на винови лози беше реализирано вчера на лозјето на фамилијата Спанџови во атарот на кавадаречкото село Бегниште, во организација на Здруженијата на винари и за поддршка на производите од грозје и туризмот „Винотек” и „Напредни лозари”.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Да се расчистат евентуалните малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија

-Институциите да ги расчистат сите нејаснотии, неправилности и можни малверзации околу Сојузот на тутунските здруженија за да нема ниту една дамка во тутунопроизводството кое државата го поддржува и го стимулира, од кое егзистираат 30 000 семејства и од кое годишно се остварува значаен девизен прилив, порача вчера од Прилеп министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Воведуваме мерки за поддршка во земјоделството, со кои ги задржуваме младите во земјава

-Верувам дека како што покажавме оваа година и ги убедивме сите дека може во делот на оваа искористеност на фондови од последни да станеме први, од последен сектор да станеме прв за кој се зборува, верувам дека со сите мерки, со сите политики, со сите храбри одлуки кои ги носиме во овој сектор, навистина земјоделството и аграрот за младите луѓе ќе бидат тренд, задоволство и се повеќе ќе ги мотивираме да се вклучат, да работат. А ние сме тука да ги обезбедиме сите мерки, да носиме нови политики, да ги враќаме парите назад кон граѓаните, да отвараме нови фондови, нови перспективи, да се грижиме за пласманот на земјоделските производи, а верувам и за многу инвестиции што во овој сектор во следниот период ќе следат, нагласи Николовски.

Share
Прочитај повеќе

АХВ: На македонскиот пазар нема турски мандарини полни со пестициди

Пратки со посоченото овошје од Турција во земјава лабараториски се тестирани во месец декември лани, а во фаза на лабараториско тестирање се и мострите  кои инспекторите за храна на агецнијата ги земаат овој месец. Во испитаните мостри во декември не се утврдени отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за цитрусно овошје.

Share
Прочитај повеќе