Градинарство -земјоделски календар за месец јуни
Во овој месец вниманието е насочено кон доматите, пиперот, модриот домат и другите
култури кои се засадени на отворено. Потребно е редовно наводнување, а кај пиперот
после расадувањето привремено се прекинува со наводнување за да може растението да
формира подобар коренов систем.

