“Кока Кола” со загуба од 2,76 милијарди долари

Вести

Американската компанија „Кока Кола“ соопшти дека во четвртиот квартал од минатата година остварила загуба од 2,76 милијарди долари, како резултат на зголемените даночни обврски.

Во соопштението на компанијата со седиште во Атланта се наведува дека како резултат на измените во даночната политика кои ги спроведе Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, нејзините даночни обврски се зголемиле на 3,6 милијарди долари.

Паралено со загубата, „Кока Кола“ во истиот квартал забележала и пад на приходите за 20 отсто на 7,51 милијарди долари. Сепак, овој приход е поголем од оној што го предвидуваа аналитичарите од 7,36 милијарди долари.

Но, и покрај објавениот пад на профитот и на приходите, акциите на „Кока Кола“ пораснаа за 28 центи, на 45,06 долари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *