МЗШВ: За 50 отсто зголемени приходите од закуп на државно земјоделско земјиште во 2018-та

Вести

Приходите од закуп на државно земјоделско земјиште се зголемиле за скоро 50 отсто во 2018 година во споредба со 2016 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Како што е наведено во соопштението, во 2016 година по овој основ во Буџетот се слеале 255 милиони денари, а лани скоро 448 милиони денари. Во последните две години се забележува интензивен пораст на приходите по основ на закуп на државно земјоделско земјиште.

– Овој позитивен тренд покажува дека овие две години МЗШВ редовно и навремено врши контрола и наплата на државното земјоделско земјиште што е дадено под закуп. Ова покажува дека државата води грижа и солидно менаџира со распределбата на државното земјоделско земјиште кое МЗШВ со политиките во изминатите две години го враќа во рацете на вистинските земјоделци, наведуваат од МЗШВ во соопштението.

Оттаму велат дека финансиските средства прибавени по овој основ се пари кои повторно се враќаат кај земјоделците преку мерките од Програмите за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој. Во таа насока, како што соопштуваат, била спроведена и ревизија на доделеното државно земјоделско земјиште во изминатите години. МЗШВ преку своите политики успеало да ослободи 10.000 хектари државно земјоделско земјиште кое сега повторно преку огласи и повици се враќа кај земјоделците.

– Од 1 јули 2017 досега МЗШВ има објавено вкупно девет огласи за доделување на земјоделско земјиште во државна сопственост (до три и над три хекатри) при што склучени се вкупно 700 договори за доделување државно земјоделско земјиште. Се става во функција секое неискористено парче земја, а со овие огласи досега се доделни 4.000 хектари државно земјоделско земјиште под закуп за до три и над три хекатри, се наведува во соопштението.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *