Прскалка за растенија: Како да ja изберете вистинската?

Вести Механизација Совети

Дали знаете како да ја изберете вистинската прскалка ? Ако сеуште се двоумите, овој натпис може да ви помогне! Прочитајте на што треба да се обрне внимание, за да го направите вистинскиот избор.

Прскалките во земјоделството, најчесто се користат за третирање на растенијата со пестициди. Прскалките се најкористените машини, од сите машини, опрема и уреди за третман со пестициди, во земјоделската практика на нашата земја. 

Од што се состои прскалката ?

Типичната прскалка се состои од резервоар, пумпа, систем за мешање, цевки за вода, регулатор на притисок, мерни инструменти, распрскувачки крилја и распрскувач. Без разлика дали имате овоштарник, лозје или градина, распрскувачите се неопходни за правилно одгледување на растенијата.

Прскалките се делат на :

1.Мали прскалки 

Малите прскалки, обично се до еден литар и овие прскалки се користат за класично прскање и чистење ( гребење ) на малите растенија. Овие можат да бидат рачни прскалки за цвеќиња, зеленчук и слично. Тие се лесни за ракување и многу погодни, но не можат да се користат за поголема површина.

Помалите прскалки се практични и убаво го распрскуваат просторот, а можат да имаат и повеќе намени: третирање на растенија со заштитни средства, прихрана на растенијата, прскање и освежување на цвеќињата.

2.Прскалки од прелазен тип ( транзитни прскалки )

Овие прскалки може да имаат иста намена како и малите прскалки, но тие често се користат за третирање на поголемите растенија и прскањето е до висина што човековата рака може да ја достигне. Овие се главно клипни распрскувачи и може да имаат волумен од два до три литри.

Транзитните прскалки можат да постигнат добар притисок и се особено погодни за прскање на пониските плодови, винова лоза, зеленчукови култури и слично. Ако се одлучите за нив, треба да знаете дека тие се исто така се лесни за употреба, формираат добар млаз и можат добро да ги распрскаат честичките, што е од клучно значење за квалитетен третман на растенијата.

3.Грбни прскалки или прскалки кои се носат на рамо

Ако треба да третирате овошни дрвја или поголеми растенија, треба да користите распрскувачи со малку поголема големина, со што се постигнува поквалитетен капацитет на самото прскање.

Класичните прскалки за на рамо се одлични за зимско прскање на овошјето, но исто така и за целогодишен третман со средствата кои што сакаме да ги користиме. Тие можат да бидат во опсег од 5, 8 или 10 литри. Малку поголеми од нив се грбните прскалки, кои се особено добри, тие се со зафатнина од 20 литри, и поради тоа тие се носат на грбот ( како ранец ). Бидејќи собираат поголема количина, предноста е во тоа што не мора многу често да се полнат.

На што треба да обрнете внимание при изборот на прскалката?

Еден од најважните делови на секоја прскалка е пиштолот. Тој , исто така може да биде во различни форми и големини. Сепак, дизната е онаа која одредува на кој начин ќе се распрснува течноста од прскалката. Некои од најчестите типови се оние кои што овозможуваат прскање на млаз, замаглување, распрскување на млаз за третирање на плевелот и други.

Резервните елементи за прскање, како што се продолжените рачки, може да бидат долги до два метра. Фиксната рачка, на пример, може да се монтира на било која прскалка.

Меѓутоа, доколку и овие продолжени рачки не ни се доволни, постојат специјални распрскувачи кои се нарекуваат и телескопски прскалки. Тие воглавно се пластични, можат да се монтираат на прскалката, и можат да се растегнат како телескоп. На овој начин пркалката може да добие должина и до три и пол метри.

Она на што треба да обрнете внимание и никогаш не треба да го заборавите дека за оваа работа мора да имате и соодветна заштитна опрема, како што се ракавици, маски, капи, па дури и облека за прскање ако користите хемикалии.

Само со помош на висококвалитетни прскалки, можете да направите добра и соодветна заштита на целото растение и со тоа да ги искористите максимално својствата на средствата што ги користите.

” Современо Земјоделство “

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *