Жилавка – бело вино од разновидно грозје

Жилавката е извонредно бело вино кое се одликува со жолтозелена боја со сјајна ниjанса, карактеристична за сортата. Аромата е комплексна, овошно-вегетативна, при што доминираат аромите на свежо искосена зелена трева,  македонски билки и сочни ароми на зелена праска и диња. Вкусот е полн, свеж, со изразен минерален карактер и пријатна горчина во финишот. Балансираните киселини во вкусот му придаваат исклучителна свежина на ова вино. 

Share
Прочитај повеќе

Виното како мост за поврзување на Балканот

„Виното како мост за поврзување на Западен Балкан“ е новиот проект во чии рамки ќе се поврзуваат земјите од регионот во насока на промоција на Балканот како вински регион.

Share
Прочитај повеќе

Обуки за сомелиери за вино и сирење

Обуките за сомелиери се спроведоа преку проектот „Cheese and wine and Tourism will shine” од програмата „Еразмус+“ кој освен обуки, предвидуваше и креирање дигитална платформа за вмрежување на туристички субјекти.

Share
Прочитај повеќе

Прв центар за храна, вино и туризам во Росоман

Започна реновирање на старото училиште во Росоман, дел од проект за прекугранична соработка со Грција, вреден 508 илјади евра. Проектот е насловен „Земја на виното“, дел е од ИПА фондовите на Европската Унија. Фондацијата „Тиквешки вински пат“ го реализира заедно со општина Росоман, а партнери од грчка страна се едно министерство, еден факултет и италијанско-грчката комора.

Share
Прочитај повеќе

Успех на македонските винарници на натпревар во Германија

Шест македонски производители и извозници на вино освоија 20 високи награди, од кои 15 златни и пет сребрени медали на реномираниот вински натпревар Mundus Vini во Германија, соопшти здружението „Вина од Македонија“.

Share
Прочитај повеќе

Три земји го држат речиси целиот извоз на пенливи вина од ЕУ

Доминира извозот од три земји-членки на ЕУ – Италија, Франција и Шпанија, кои заедно имаа удел од 91%. Извозот на пенливи вина на Италија минатата година изнесувал 367 милиони литри, или 45% од вкупниот извоз на Унијата. Франција извезе 184 милиони литри, или 23%, а Шпанија – 183 милиони литри, или околу 23%.

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за вино се овозможува развој на малите семејни винарии

Поточно, со измените се овозможува полесно  регистрирање на капацитети и производството на вино кое ќе може да се продава од самата винарија. Развојот на малите семејни винарии ќе придонесе и за зголемување на туристичкиот потенцијал на познатите лозарски региони во државата, а воедно и за поголем развој на пазарот на грозје и вино.

Share
Прочитај повеќе

Македонија втор извозник на вино на Балканот, 28-ма во светот

Само Грција извозува повеќе вино од Македонија меѓу сите земји од Балкански Полуостров, покажуваат податоците за глобалната продажба на вино во 2017 година, вредна вкупно 35,5 милијарди американски долари.

Share
Прочитај повеќе

Повторно се произведува кралско вино

По четири години пауза, изминативе две  години повторно се откупува грозје и се прави вино во демиркаписката винарница, своевремено изградена од кралот Александар Први Караѓорѓевиќ. За неа овде велат дека е најстарата винарија на Балканот, изградена во 1928 година. 

Share
Прочитај повеќе

Винариите “Стоби” и “Тиквеш” со медали на АГРА2018

Црвеното вино на винарската визба Тиквеш, „Барово“, доби златна медала, сребрена медала беше доделена на црвеното вино „Бела вода 2015“, а едно од вината на оваа винарија, „Domaine Lepovo Grand cuvee“, се закити со шампионска тутула.

Share
Прочитај повеќе