Стабилен откупот на раноградинарските производи во струмичко

Во моментов цената на доматите во зависност од сортата се движи од 30 до 50 денари за килограм, зелката е 25 , благата пиперка од 40 до 45, додека лутите пиперки се откупуваат од 80 до 90 денари за килограм или од 2 до 2,5 денари по парче.

Share
Прочитај повеќе

СН Осигурителен Брокер – партнер на земјоделците и сточарите

Oваа година, во интерес на своите клиенти, “СН” Осигурителен Брокер, се избори да има сопствен ветеринарен доктор при процена и исплата на штета од угинати животни – говеда. Исто така “СН” Осигурителен Брокер при секоја процена и исплата на штета кај посевите и плодовите има сопствени комисиски претставници.

Share
Прочитај повеќе

Најповолно осигурување на земјоделски посеви и плодови со „СН“ осигурителен брокер

Обратете се во канцелариите на СН Осигурителен Брокер во центарот на Битола, на улица „Димитар Илиевски Мурато бр. 5 и ќе ги добиете сите стручни совети и потребни информации за комплетната изработка на осигурителната полиса. Лице за контакт 078/237-529 Александра Петровска.
Членовите на здружението за земјоделци „Современо Земјоделство“ ќе добијат дополнителен попуст од 7-10% со покажување на членската картичка.

Share
Прочитај повеќе

Оглас за државно земјиште под 3 хектари и за преостанатиот дел во Џумајлија

Намената за која се дава земјоделското земјиште е подигање долгодишни насади со лозје, овоштарници и хмељ, оранжерии, долгодишни насади со лешник, маслинарници, ливади, рибници, површини за спортско-рекреативни активности и рурален туризам и одгледување на други земјоделски култури.

Share
Прочитај повеќе

85 милиони евра денеска исплатени за обесштетување на земјоделците од Ресен

Денескa се исплатени 85 милиони во ресенскиот регион кој беше најпогоден во 2017. Вкупно 2.355 земјоделци од Ресен кои претрпеа загуби, денеска можат да си ги подигнат парите.
Со оваа исплата започна обештетувањето, а вкупно ќе се исплатат над 4 милиони евра за обесштетување на 17.500 баратели во сите региони погодени од временските непогоди во 2017.

Share
Прочитај повеќе

Половина од познатиот дреновски кромид замина за Хрватска

– Најдобро е кога произведениот кромид има организиран пласман и се купува од меѓата на нивата. Така беше и оваа година при продажбата на околу половина од нашето производство, би рекол и од целата Тиквешија. Сега нема организиран откуп за хрватскиот пазар. Се снаоѓаме некако. Доаѓаат трговци од Скопје и купуваат одредени количини, па ги препродаваат таму на кванташки пазар. Продаваме и на пазарите во Битола и Прилеп. На македонскиот пазар потрошувачката е помала, можеби има зголемено производство, па цената е пониска, рече Ванчо Долев, производител на кромид.

Share
Прочитај повеќе

Во Албанија државата им подигна на земјоделците плаcтеници на 1.000 хектари

Албанското министерство за земјоделство неодамна им помогна на земјоделците да подигнат 1.000 хектари пластеници, што беше голем поттик за овој вид на производство. Со ова на земјоделците им се овозможи во текот на целата година да произведуваат краставици, патлиџани, пиперки, брокула, карфиол…, а со производството на пченка и диви и култивирани малини, боровница, костени и тартуфи на отворено.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се запази законскиот рок до 30 јуни, за исплата на субвенциите

Исплатата на субвенциите за преостанатите мерки за 2017 се одвива континуирано со цел да се запази законскиот рок за комплетно расчистување на 2017 година, односно 30-ти јуни. Од Програмата за 2018 година, ќе се изврши исплатата на субвенцијата за тутун.

Share
Прочитај повеќе

Оваа година обезбедени се 35 милиони евра за рурален развој

Подигнување на нови лозови и овошни насади, набавка на добиток, механизација, системи за наводнување и поддршка на младите земјоделци се мерките кои и оваа година ќе се ко-финансираат преку Програмата за рурален развој.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Интензивни разговори за пласман на зелка на рускиот пазар

– Секој ден сме на терен во Струмичко. Вложуваме максимални напори да го олесниме извозот, но притисокот од други земји е многу голем и си го прави своето. Цената е многу поконкурентна од нашата, потенцира Николовски, додавајќи дека со Москва се разговарало и за царинските давачки кон Македонија. Средби со производителите од Струмичко ќе има денес зашто Министерството, како што рече Николовски, упорно се труди да најде решение.

Share
Прочитај повеќе