Подобрена соработката помеѓу Македонија и Србија-побрз проток на пратките, пониски трошоци, поконкурентни домашни производи

Со меѓусебното признавање на договорот, ќе се намалат трошоците на македонските извозници во однос на анализите. На пример анализите за јаболка во Србија чинат 4.025 денари, а во Македонија 965 денари.

Share
Прочитај повеќе

Македонија го враќа стариот правилник за увоз на брашно од Србија

При увозот на брашно треба да се овозможат услови за непречен инспекциски увид на увозното брашно од страна на инспекторите на македонската Агенција за храна и ветеринарство на граничниот премин, со што ќе се контролира дали маркиците се соодветно залепени на брашното и дали брашното има соодветна деклариција.

Share
Прочитај повеќе

Меѓународна работилница за подигнување на јавната свест за заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро

Станува збор за меѓународна работилница за подигнување на јавната свест за заштита на рибите и животната средина на Охридското езеро со тема: „Можни идни закани врз рибите и заеднички идни Албанско – Македонски акции и напори“.
Работилницата ќе се одржи во среда 11 април во Охрид.

Share
Прочитај повеќе

Уште осум дена: Србија и постави ултиматум на Македонија

„Доколку до 14 април не најдеме решение, автоматски истиот ден ќе воведеме контрамерки. Немаме друг механизам и бевме доволно време трпеливи и толерантни“ – изјави Љајиќ.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се формираат работни групи со надлежни институции од Македонија и Албанија за унапредување на трговската размена

Двајцата министри се договорија итно да се формираат работни работни групи составени од надлежните институции на двете држави, а кои што во следниот период треба да одржат состаноци на кои што ќе  отворат сите прашања поврзани со трговската размена, системот на  следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.

Share
Прочитај повеќе

Нема проблем со увозот на брашното, договорот се почитува

Засега останува одлуката маркичките за брашното од еден, три и пет килограми да се лепат во Србија, а за 25 и 50 килограми во Македонија. Не се исклучува и опција, маркичките трајно да се укинат ако има согласнот од двете страни, вели ресорниот министер. Според Николовски, не се штитат ничии интереси, најмалку на поединци.

Share
Прочитај повеќе

Србија поставува бариери за извоз на ориз, вода и месо

– Проблемот е со оризот. Се прават анализи кои се чекат да стасаат дури 15 денови. Се прават во Ниш и на нив предолго се чека. Проблем е со извозот на водата и алкохолните пијалоци. Имаат нов правилник со кој се зголемува ПХ вредноста за месните производи.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Го променивме редоследот на активности при увозот на брашно

Македонија eдинствено го промени редоследот на активности при увозот на брашно во насока на заштита на здравјето на граѓаните, ниту воведува нови давачки, ниту, пак, нецарински и нетарифни бариери, туку напротив ја олеснуваме постапката и протокот и ја намалуваме цената на контролните маркици за увозното брашно, порача вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Љајиќ: Решение за брашното не е постигнато

– Имајќи предвид дека не дојдовме до одржливо решение и до предлог-спогодба, нема причина денеска да патуваме во Скопје. Договорено е во текот на викендот да ги продолжиме усогласувањата за да дојдеме до спогодба која на долгорочен и систематски начин ќе го реши проблемот со извозот на брашно од Србија во Македонија, изјави Љајиќ.

Share
Прочитај повеќе

Денес средба меѓу Николовски и Љајиќ – ќе се реши ли проблемот со брашното

Решение на проблемот со извозот на српско брашно во Македонија, се очекува од денешната средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и вицепремиерот и министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ во Скопје.

Share
Прочитај повеќе