Заживеа месопреработувачката индустрија по укинување на царината за увоз на смрзнато месо

“Месопреработувачка индустрија пред мерката работеше со капацитет од 28%, а еден по еден производните капацитети затвараа. Во продажба три четвртини од сувомесните производи беа од увоз, а само една четвртина беа од македонско производство. Оваа индустрија беше во неконкурентна положба и имаше нелојална конкуренција од останатите производители од соседните земји пред сè”, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски ја посети грчката тутунска компанија “Секе” во Крушево

– Крушевскиот регион е еден од поголемите производствени региони за тутун. Грчката компанија „Секе“ која во пресрет на новата откупна сезона со нова инвестиција се подготвува за откуп на тутун, ја зголемува конкуренцијата кај откупувачите. Го запознавме раководството со новиот Закон за тутун преку кој ќе се олеснат административните процедури при откуп, истакна министерот.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се воведуваат нови модели за осигурување на земјоделското производство

– Не можеме секогаш да влијаеме врз климатските промени, но како ресорно министерство мора да работиме на ефикасни инструменти со кои ќе го заштитиме земјоделското производството, а земјоделците ќе можат да си ги покријат загубите, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски најави наскоро обесштетување од јулското невреме

Нема неправилности, ниту нејаснотии, како што се случуваше во 2015 и 2016 година кои ги наследивме и сметам дека оваа работа брзо ќе биде завршена и граѓаните ќе бидат обештетени согласно со владините одлуки, рече министерот.

Share
Прочитај повеќе

ТВИНИНГ ПРОЕКТ (ФАДН) – Oглас за слободно работно место: Преведувач/Толкувач

Податоците обезбедени од Мрежата за сметководствени податоци од земјоделски стопанства ќе се користат за утврдување на годишниот приход на земјоделските стопанства, за вршење на економска анализа на земјоделските стопанства, како и за оценување на условите во земјоделството и пазарите на земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска беше меѓу лозарите и земјоделците во Демир Капија

– Со влезот во ЕУ и НАТО, македонските лозари ќе имаат сигурен откуп и повеќе приходи. Влегуваме на пазар со 500 милиони потрошувачи, 250 пати поголем од домашниот. Добиваме повисоки субвенции и нови инвестиции за развој во земјоделството, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Оглас за вработување на 13 службеници во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 13 државни службеници од група I, подгрупа I во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Share
Прочитај повеќе

Проблемите во земјоделството се генерирани со години и не може да се решат преку ноќ, вели Анѓушев

Министерот Николовски посочи дека има раст во делот на платите во земјоделството, кај извозот на земјоделски производи и кај преработувачката индустрија. Годинава, како што рече, почнати се и најкрупните проекти во водоснабдувањето како изградбата на бањата Коњско и браната Равен-Речица, а во септември се очекува да биде склучен и договорот за Јужна вардарска долина 2.

Share
Прочитај повеќе

Пеце Мицевски: За огласот „Млад Земјоделец“ парите ми беа исплатени во рекордно време

-Парите ми беа одма вратени. Тракторот го зедов за Божиќ, а веќе до крајот на април, јас ги имав парите на сметка. Субвенциите за тутунот ги добив неколку недели пред исплатата од „Млад Земјоделец“. Јас сум презадоволен, посебно оваа година, знаете што значи да добиете толкава сума на пари многу порано од тоа што очекувате? Можам да кажам дека министерот многу посветено ја работи својата работа и мисли на нас земјоделците, истакна Пеце.

Share
Прочитај повеќе

Брисел со пофалба за Македонија за политиките за справување со болестите кај животните

Како резултат на успешната работа следниот работен состанок ќе се одржи во Македонија. Воедно, ќе разговараме за ИПА – програмирањето и искористеноста и достапноста на ИПАРД средствата со акцент  на здравствената заштита кај животните, а со тоа и кај луѓето“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе