Денеска започнува исплатата за тутунот, Николовски во посета на село Ивањевци во општина Могила

По овој повод, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Платежната агенција Николче Бабовски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Јане Станкоски ќе одржат прес-конференција во село Ивањевци, општина Могила, на која ќе соопштат детали околу  исплатата на поддршката.

Share
Прочитај повеќе

Нов Протокол за побрз проток за извоз на македонските земјоделско-прехранбени производи

„Новиот Протокол којшто денеска го потпишаа Царинската управа и Бирото за јавна безбедност е особено важен за извозниците од секторот земјоделство бидејќи се овозможува 24 часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба, за што порано имаше ограничено време. На овој начин значително се олеснува и забрзува протокот на стоки, што е важно за македонските земјоделско- прехранбени производи навреме да стигнат на странските пазари“, потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Модернизирање на македонското земјоделство со 6 милиони евра

Министерот Љупчо Николовски, присуствуваше на првото Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2018“, настан кој што се очекува дека ќе прерасне во традиционален годишен собир. Ова беше одлична можност за презентација на најновите достигнувања во науката, технологијата и иновациите во областа на земјоделството, пренесување на знаења, размена на искуства и отворање можности за идни соработки.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Обезбедени се 15 милиони евра преку ИПА фондовите за 2019 година

Обезбедени се 15 милиони евра преку ИПА фондовите за 2019 година. Денес на состанокот на работната група за земјоделство и рурален развој, ги разгледувавме областите во земјоделството кои ќе се финансираат со цел креирање ефикасни политики и развој.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Искористувањето на ИПАРД е еден од приоритетите

– До крајот на годината ќе ги акредитираме и новите мерки кои ќе значат отворање нови можности. За следните два огласа до крајот на 2018 гледаме да ги отстраниме сите административни и други пречки кои постоеја претходниот период и беа бариера за забрзано процесуирање на апликациите, потенцира министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Потребни се редовни средби со лозарите и винариите за стабилни цени и поволен амбиент

Со цел навреме да се планира производството и откупот, денеска министерот Љупчо Николовски, беше на работен состанок со винарските визби. Преку редовни средби со винарниците и лозарите ќе се создадат услови за стабилни откупни цени и поволен амбиент за сите засегнати страни.

Share
Прочитај повеќе

Поврзување на македонските земјоделски производи со блискоисточните пазари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска оствари средба со господинот Али Ал Раис, вице претседател на Qatar Airways, на која ги разгледаа можностите за позиционирање на македонските земјоделски производи на тамошниот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски на средба со винарите

Како што информираат од Министерството за земјоделство, на средбата ќе стане збор за новата реколта, планот за производство и откупот. 

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Лозарите мора да ги добијат тешко заработените пари

“Паралелно со “Повардарие”, го решаваме и проблемот со винарницата „Стефанс винери“, за која што веќе е отворена предстечајна постапка, а лозарите како најголеми доверители ќе бидат први исплатени. Лозарите мора да ги добијат тешко заработените пари” – истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Млади до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање концесија за земјоделско земјиште

Ме радува што се повеќе млади луѓе се заинтересирани и прашуваат за слободно земјиште, и ние ќе направиме се за да им овозможиме услови, да ги вклучиме за да останат во земјава – посочи Николовски.

Share
Прочитај повеќе