Започна аплицирањето за добивање на финансиска поддршка од три денари за произведени и предадени градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети

Барањата за финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат во подрачните едниници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, најдоцна до 25 декември 2018 година.

Share
Прочитај повеќе

ПОРАСТ на земјоделското и сточарското осигурување – модел кој целосно го прифаќа СН Осигурителен брокер Битола

-Ако се знае дека на територијата на Републиката од вкупно евидентираниот број од 90.000 земјоделци, само 4% се осигурани, јасно е дека основната насока и основна цел кон која треба да се движи осигурителниот сектор е изнаоѓање на модел за зголемување на осигурителната премија и полиси во делот на осигурување на посеви и плодови, а посебно во делот на осигурување на добиток, истакна Зоран Пејчиновски, еден од извршните директори на СН  Осигурителен брокер.

Share
Прочитај повеќе

Производство и продажба на шумски сортименти, сеча на дрва и услуги во шумарството, трето тримесечје од 2018 година

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од листопадни видови,  друго обло дрво од листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огрeвното дрво од иглолисни и листопадни видови.

Share
Прочитај повеќе

Откуп и продажба на земјоделски производи, трето тримесечје од 2018 година

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, грозјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млекото, а намалување е забележано кај: фуражните растенија, млечните производи и рибата.

Share
Прочитај повеќе

Индекси на цените во земјоделството, октомври 2018 година

Во октомври 2018 година, во споредба со октомври 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 110.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.1.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ

-Тасос Ханиотис и Колин Волфи од Европската Комисија, кои беа дел од 12-от годишен работен состанок на министрите и шефовите на делегациите од Југоисточна Европа, ни потврдија дека Македонија има силна поддршка за развој на ИПА фондовите и приближување кон новата заедничка земјоделска политика на ЕУ. Со нив разговаравме за отворање на поглавјата „Земјоделство и рурален развој, Фитоветеринарни политики и безбедност на храна и Рибарството“ во следниот период, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Безбедна храна за животни

Храната за животни органолептички треба да биде таква што нејзините природни својства (конзистенција, изглед, боја, мирис и вкус) не се променети и количествата хранливи состојки вградени во храната за животни вклучувајќи ги и адитивите треба да одговараат на потребите на одделни видови и категории на животни.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците ќе добијат „зелена нафта“ од почетокот на наредната година.

-Направена е целосно методологијата врз основа на која земјоделските стопанства ќе добиваат „зелена нафта“. Со Платежната агенција се дефинираат процедурите, односно начинот како ќе биде достапна за земјоделците. Во наредните неколку недели заедно со вицепремиерот и премиерот, по затворање на отворените прашања во делот на моделот кој го тестираме бидејќи станува збор за сосема нова мерка која не постоеше досега, ќе го презентираме моделот пред граѓаните и пред земјоделците, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски и Анѓушев од работниот состанок на Министрите за Земјоделство од ЈИЕ: Со јакнење на регионалната соработка до поконкурентни производи и зголемен извоз на меѓународните пазари

Како земја која се стреми да напредува во процесот на интеграција во ЕУ и  кон креирање ефикасна земјоделска политика, подобрувањето на организациската и оперативната основа ни се повеќе од потребни. За мојата земја, која се подготвува за претстојниот процес на преговори, оваа заедничка регионална аналитичка работа е од исклучителна важност“, изјави министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Хранење на козите пред припустот

Козата  е сезонски  полиестрично  животно, што знaчи дека се пари во одреден период од годината, ( од Август до Декември ), во период кога дневната светлина е намалена, а со тоа е темпирано времето на јарење во период кога почнува вегетацијата.

Share
Прочитај повеќе