Околу 3.000 земјоделци веќе поднеле барањe за субвенции за 2019 година

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира корисниците на финансиската поддршка, по пополнување на барањата да ги проверат податоците, онаму каде имаат одредени отстапувања потребно е во рок од 30 дена да извршат корекции. Рокот за поднесување на барања е до 30-ти мај 2019 година.

Share
Прочитај повеќе

Во југоисточниот плански регион ќе бидат поставени агрометеоролошки станици

Станува збор за агрометеоролошки станици, кои не само што ќе ги ги даваат потребните информации за временската состојба, туку ќе им предлагаат на земјоделците и мерки што треба да ги преземаат за заштита на посевите.

Share
Прочитај повеќе

СН Осигурителен Брокер со поддршка за земјоделското осигурување

На 21.03.2019 година Христо Кондовски и Зоран Пејчиновски – извршни директори и Илче Талевски – раководител на секторот за земјоделие на СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА имаа работна средба со Ленче Николовска – посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ и Билјана Петровиќ – претседателка на Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ каде што беше разговарано за ризиците со кои се соочуваат земјоделските производители и како преку осигурување на своите посеви и плодови насади да се заштитат од ризиците.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски во Каиро: Договорени конкретни активности за унапредување на економската и трговската соработка со Египет во областа на земјоделство

Од страна на египетскиот министер за земјоделство беа назначени лица кои ќе бидат членови на работната група, а од МЗШВ до Египет ќе бидат испратени имиња на членови од Република Северна Македонија. Исто така од страна на МЗШВ до Египет ќе биде испратен пополнет Прашалник за анализа на ризик при увоз на јаболка од РСМ во Египет, од аспект на употреба на заштитни средства.

Share
Прочитај повеќе

ФАО: Инвестирањето во информатички комуникациски технологии (ИКТ) е исплатливо за земјоделците во Северна Македонија

Пред неколку години, Сузана набави софтвер за управување со фарма што ѝ овозможи подобро да ги планира и контролира културите, да ги минимизира трошоците за работна сила и да троши помалку на гас и органско ѓубриво, со што ја зголеми добивката.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Започнуваме кампања за избор на нови 12 локации за консолидација на земјоделското земјиште

-Нашето лично присуство навистина сакаме да даде придонес за подигнување на свеста, ако сакаме да зборуваме за модерно и конкурентно земјоделство, окрупнувањето, консолидацијата се неопходни постапки. Оваа година треба да направиме избор на 12 нови подрачја кадешто е потребно и е можно да се реализираат постапките за консолидација на земјиштето, посочи министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Мерката за дополнителни субвенции од 3 денари за предадено индустриско јаболко се продолжува до 30 јуни

Министерот нагласи дека се очекува да се откупи до 30.000 тона јаболка, а тоа се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.

Share
Прочитај повеќе

Оваа пролет, засадете сончоглед!

Ако насеете од 5 до 20 ха, тогаш субвенциите се по 23 160 денари од хектар или вкупно ќе добиете 463 200 денари.
За 40 ха насеани со сончоглед ќе добиете по 20 280 денари од хектар или вкупно 811 200 ден.

Share
Прочитај повеќе

Започна издавањето на бели картони за идната реколта за тутун

Денеска започнува издавањето на бели картони, за идната реколта за тутун, кое според законскиот рок ќе трае до 31 овој месец.

Share
Прочитај повеќе

Презентирани новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој пред земјоделците во Тетово

Денеска, на земјоделците во Тетово, министерот Љупчо Николовски, посебната советничка за земјоделство на ПВРМ, Ленче Николовска, државниот секретар при МЗШВ, Нефрус Челику и директорите на институциите во состав на МЗШВ, им ги презентираа новите мерки од програмите за финансиска поддршка и рурален развој.

Share
Прочитај повеќе