Николовска: Сеидбата на сончогледот е во тек, ќе го следиме производството до откуп

-Идејата е да се ангажираат советниците да го следат производството на сончоглед и во соработка со Асоцијацијата да им се помогне на земјоделците да произведат поголем квалитет и принос. На тој начин ќе се достигне приносот од 1.500 килограми од хектар и ќе се исполни условот за субвенциите кои до 20 ха се близу 400 евра од хектар. Исто така на овој начин ќе им се исплати повеќе берзанската цена по која ќе се откупува сончогледот од страна на фабриката „Благој Ѓорев“, рече Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Овчарство – Шанса за невработените!

Овците се исклучително корисни животни. Млеко, месо, волна, кожа, крзно – важни производи што ги добиваме од овците, како за храна, така и за облека. Поради оваа причина, одгледувањето овци е една од најважните гранки на сточарството.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени 5,5 милиони евра за субвенции за одржување на овошни насади, вклучително и за насадите со јаболка

Денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано пд рокот кој го бараа овоштарите.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Тутунот ќе се субвенционира од државата

-Со членството на Република Македонија во ЕУ предвидена е поддршка од околу 280 милиони евра кои ќе се како директна поддршка на нашето земјоделие и рурален развој, ама единствено нешто за кое што нема да име субвенции од ЕУ е тутунот. Но ќе има субвенции од државата, нагласи Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Двојно повисоки субвенции за органско производство

Годинава органските градинари го остваруваат условот за повисока финансиска поддршка за 100, а лозарите и овоштарите дури за 70 проценти.

Share
Прочитај повеќе

Николовски на средба со земјоделци во Валандово: Исплатени близу 4,4 милиони евра за субвенции за површини со градинарски култури

Николовски посочи дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати околу 270 милиони денари или близу 4,4 милиони евра за основната субвенција за површина за градинарски култури на 11.428 земјоделци. При тоа Николовски потенцираше дека праксата за навремена исплата на субвенциите тогаш кога им се најпотребни на земјоделците ќе продолжи во следниот период, како што тоа претходно беше со исплата на субвенциите за грозјете пред почетокот на производствената сезона, за грла добиток и за житните култури.

Share
Прочитај повеќе

Исплатени субвенциите за фармерите кои одгледале и заклале говеда во регистриран кланичен капацитет

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги информира фармерите дека на 242 лица исплати 5.082.000,00 односно, над 81 илјади евра за мерката 2.4. -одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет.

Share
Прочитај повеќе

Оваа пролет, засадете сончоглед!

Ако насеете од 5 до 20 ха, тогаш субвенциите се по 23 160 денари од хектар или вкупно ќе добиете 463 200 денари.
За 40 ха насеани со сончоглед ќе добиете по 20 280 денари од хектар или вкупно 811 200 ден.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Исплатени 5,5 милиони евра на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури

-Ја продолжуваме праксата и нашето клучно ветување дадено пред граѓаните за редовна и навремена исплата на субвенциите. Вчера се исплатени 332 милиони денари или 5,5 милиони евра субвенции на над 26.300 земјоделци за субвенции за житни култури, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Професионалните земјоделци ќе добијат дополнителни субвенции

Професионалните земјодеци имаат право на дополнителни субвенции. Кај три категории на производители има и зголемување на финансиската поддршкаод 5 до 20 проценти. Во националната програмата за земјоделството останува и мерката за складирање на новиот род на пченицата.

Share
Прочитај повеќе