Николовски: Ќе се обесштетат земјоделците од пролетните мразеви од 2017, утре владата ќе одлучи за износот на процентот на обесштетување

Николовски посочи дека во вторник на седница, Владата ќе донесе одлука за износот на процентот на обесштетување и веднаш потоа ќе биде реализирана исплатата. При тоа појасни дека паралелно се работи на цел систем за заштита од климатските промени како и на нов концепт за зголемување на осигурувањето на земјоделското производство.

Share
Прочитај повеќе

Шест лица кривично-пријавени за манипулации со земјоделски субвенции и за негрижа кон животни

Пријавените не обезбедиле основни услови за заштита и благосостојба на животните, како што се: избегнување на штетни влијанија на надворешни фактори од животната средина, не обезбедиле секојдневно вода за напојување со соодветен квалитет, како и храна со соодветна хранлива вредност.

Share
Прочитај повеќе

СРД „Шаран“: Незаконито се лови караш во Каменичка Река и езерото Калиманци

– Апелираме до сите граѓани да се воздржат од незаконски риболов, бидејќи е казнив и се предвидени многу високи казни. Исто така, ги повикуваме сите чесни граѓани, овој период да го искористат за прошетка по Каменичка Река и Калиманско Езеро и да делуваат советодавно кон рибокрадците и оваа „нецивилизирана“ појава да биде спречена, истакна Стоименовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Поголем приход во земјоделството и подобри услови за младите земјоделци

Намалување на трошоците за земјоделско производство, зголемување на приходот на земјоделците, мерки за ефикасна искористеност на парите од европските ИПАРД Програми, повисоки плати за работниците во земјоделскиот сектор, мерки за младите да останат во земјоделството – ова беа само дел од политиките што ги презентираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на трибината со земјоделци од источниот регион, што се одржа во Штип, во саботата.

Share
Прочитај повеќе

Неверојатна пролетна глетка од црешови дрвја во Кина

Во провинцијата Јунан, поточно во Зоолошката градина Каминг, расцветувањето на црешовите дрвја започна на 7 март и ќе трае до 7 април. Се состои од повеќе од 5.000 црешови дрвја. Цветниот фестивал за 2018 година започна на 16 март а ќе трае до 15 април во Гакан Парк, прикажувајќи 12.000 црешови дрвја од 82 видови.

Share
Прочитај повеќе