Конференција за квалитетот и сигурноста на храната

Освен за квалитетот и сигурноста на храната, на конференцијата ќе стане збор за примерите на добри практики и за парадоксите во развојот на големите глобални компании за преработка на прехранбени производи кои, според „Перутнина“, се насочени само кон намалување на трошоците на сметка на квалитетот.

Share
Прочитај повеќе

Македонија умерено подготвена во земјоделството, оценува ЕК

– ИПАРД 1 е завршена со 17 отсто искористеност од расположливите средства кои се платени во периодот 2007-2013 година. Способноста за апсорбирање на ИПАРД 2 останува предизвик заради нецелосните апликации и долгите процеси на договарање.

Share
Прочитај повеќе

До крај на април, законски, треба да се исплатат лозарите за предаденото грозје

Првата рата од 20 проценти за купеното грозје требаше да се плати до 15-ти декември минатата година, втората од 40 проценти најдоцна до 15-ти февруари годинава и последниот износ до крајот на април.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се надоградува радарски систем кој детектира и најавува опасни временски појави

– Продолжуваме со инвестиции во нови агрометеоролошки станици низ државата кои се битни за навремено информирање на земјоделците и преземање соодветни мерки за заштита на производството. За климатските промени чие влијание е се поголемо, неопходен е сет мерки и активности и инволвираност на сите засегнати страни, истакна Николовски, нагласувајќи дека Македонија годишно исплаќа пет милиони евра за штети во земјоделството.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Се прават максимални напори за извоз на зелка

Интензивно течат преговорите со Русија и Украина за извоз на македонска зелка, а вчера се информирани сите останати дипломатски претставништва на Македонија околу проблемот со пласманот, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Пчеларите очекуваат добра година

– Пчелните семејства добро се развиваат поради што и предвидуваме дека ќе го достигнеме просекот од добрите години кога произведувавме по 25 – 30 килогрими. Ако временските услови дозволат, не е исклучено да произведеме уште повеќе, до 50 килограми, па дури и 100 колку што е максимумот кај нас, вели претседателот на Регионалниот пчеларски сојуз Менде Трајковски.

Share
Прочитај повеќе

Бизнис делегација од Сингапур заинтересирана за инвестиции во откупно-дистрибутивни центри

“Инвестиции за микро-финансирање на мали и средни земјоделски стопанства, организирање на сертификација и семепроизводство на автохтони култури” – ова се дискутираше на вчерашниот состанок на министерот Љупчо Николовски, со претставници на компании од областа на земјоделството од Сингапур.

Share
Прочитај повеќе

Владата донесе одлука за согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште

Владата на вчерашната седница донесе одлуката за давање на согласност на Јавен оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање.

Share
Прочитај повеќе

Цуцулоски: Земјоделците да не го чекаат крајниот рок за аплицирање за субвенции

-Досега во ПЕ Битола, пријавени се 600 апликации за субвенции, а поднесени се околу 170 барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од октомври до декември 2017 година. Апелираме до земјоделците навремено да ги пријават засадените површини за да не се создаваат гужви, со оглед на тоа што очекуваме 5000 апликации за субвенции и 1100 барања за произведено и предадено млеко, – истакна Александар Цуцулоски, раководител на МЗШВ ПЕ Битола.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Се забранува вршење на риболов во периодот на природен мрест на рибите

Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување на непречен природен мрест на рибите, а врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони.

Share
Прочитај повеќе