Стопанската комора очекува пониски откупни цени на тутунот

Комората го поздравува изготвувањето на новиот закон за тутун и очекува негово што поскоро донесување. Со ова законско решение, напомена Ристовски, ќе се решат горливите проблеми во тутунската индустрија, а и Македонија ќе биде прва земја во ЈИЕ што ќе го регулира овој сегмент од стопанството.

Share
Прочитај повеќе

Во 359 акциски контроли, одземени 510 метри кубни дрвна маса

– Заштитата на шумите како природно национално богатство е еден од приоритетите на оваа Влада. Во тесна соработка со Министерството за внатрешни работи изминатите шест месеци спроведовме 359 заеднички акциски контроли, а беа одземени 510 метри кубни дрвна маса, изјави Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Косово заштити со закон 21 земјоделски производ, 30 отсто повисока цена за увезените

– Проценката понуди доволна основа за определбата дека продуктите кои се испитуваат, се увезуваат во Република Косово во толку големи количини и во услови кои се закануваат да им нанесат сериозна штета на производителите на овошје и зеленчук во земјата, или да предизвикаат нерегуларности, кои можат да ја влошат економската состојба на производителите на овошје и зеленчук во Република Косово, се вели во соопштението на Министерството за трговија и индустрија.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите бараат грозјето да се плаќа според шеќерни единици

– Ги утврдивме нашите предлог цени и плаќање според шеќерност. Колку повеќе малигани, повеќе пари. Така на пример за најзастепаната сорта „смедеревка“ бараме цената за најниска шеќерност од 16 малигани да се откупува по цена од 13 денари. За 17 – 13,8, за 18 – 14,6, за 19 – 15,4, за 20 -16,2, додека за највисока шеќерност од 21 малиган цената да изнесува 17,06 денари за килограм, појасни Кулев.

Share
Прочитај повеќе

И до 10.000 евра штети во земјоделството од минатонеделното невреме

Додека некои од земјоделците ги проценуваат штетите на над десет илјади евра и велат дека е крајно време да се размислува за осигурување на посевите, ресорното Министерство најавува поедноставување и забрзување на постапките за обесштетување.

Share
Прочитај повеќе