Околу три милиони килограми праски од Росоманско извезени во Русија

Игор Милошевиќ од Здружението „Росоманска долина”  денеска информираше дека и во земјава  биле продадени околу три милиони килограми од ова овошје. Во домашните преработувачки капацитети пак, завршиле околу милион килограми праски. Во моментов се бере сортата „крес хевен”, а цената е од 18 до 20 денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Владата вчера ги донесе и предложените сет мерки за пченицата

Третата мерка, како што истакна ресорниот министер, има за цел да го заштити домашното производство и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица.Поточно секој откупувач на пченица запишан во регистрарот на откупувачи кој што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември  2018 година, ќе добие субвенција од 1 денар за килограм откупена пченица.

Share
Прочитај повеќе

Се продава овоштарник со аронија во село Жабени

Се продава овоштарник засаден со аронија со 1800 садници во село Жабени.

Share
Прочитај повеќе

Агро – Метео

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Понестабилно ќе биде во западните и крајните источни делови, особено во попладневните часови, а најмалку врнежи ќе има долж Повардарието каде ќе дува умерен до засилен северозападен ветер.

Share
Прочитај повеќе

Министерски состанок во Белград за зголемените царини на Косово

Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од денешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. На средбата, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, ќе учествуваат и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ. 

Share
Прочитај повеќе