Чување на свежо овошје

За успешно и подолгорајно чување на плодовите во свежа состојба, неопходно е да се исполнат одредени услови и тоа:
– плодовите да бидат здрави, без механички повреди;
– без последици од напад од штетници и болести;
– да се собрани навреме и во што покус рок;
– да се со средна големина и
– да припаѓаат на иста сорта

Share
Прочитај повеќе

Пламеница на компирот

Во зависност од временските услови, сувиот период после третирањето од 1,5 -7 часови е доволен за добра заштита(во зависност од брзината на сушењето на листот). Во јако суви услови  посевот е сув за еден саат после третирањето, додека во услови на слабо сушење (облачност, висока релативна влажност на воздухот без ветер) сушењето може да трае и 6-7 часови. При третирање на влажен лист, фунгицидот се испира од листот и ефектот е слаб. Очекувањето на врнежи не е оправдување за одложување на третирање во критични ситуации.

Share
Прочитај повеќе

Започна бербата на трпезно грозје во Тиквешко

Започна бербата на најраните сорти трпезно грозје во Тиквешко. Претседателката на националната Федерација на фармери, Васе Мојсовска информираше дека во моментов се берат сортите „прима“ и „ранка”, а за некој ден ќе стартува и бербата на „кармен” и „кардинал”.

Share
Прочитај повеќе

Николовски во посета на Париз, на Меѓународната организација за вино OIV

Како делегат во Меѓународната организација за вино OIV, во следните два дена во Париз, Франција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе учествува на годинешното вонредно генерално Собрание на организацијата, на кое што ќе се избира нов претседател и генерален директор на организацијата.

Share
Прочитај повеќе

Нема „чума“ кај овците и козите во Македонија

Кај овците и козите во Македонија не е евидентирана болеста „чума“ што беше потврдена на 22 јуни во Бугарија. На терен се спроведува мониторинг и ако се забележат какви било симптоми, ќе се реагира соодветно, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, МЗШВ ја следи состојбата

Тимови од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се постојано на терен и го следат откупот на лубеници, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Министерот Николовски посочи дека дневно се откупуваат по околу 500 тони лубеници, и доколку се процени дека има потреба, Владата ќе преземе соодветни мерки, како што беше случајот со доматите.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна, е наша стратешка цел

„Обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна, е наша стратешка цел, пред се во насока на осигурување на заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, а секако и кон исполнување на европските стандарди, за поголема присутност на македонски земјоделски производи на европските и меѓународните пазари. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи на исполнување на сите предуслови за успешен почеток на преговорите со Европската унија, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Оваа недела ќе се објави јавен оглас за доделување на земјоделско земјиште за сточари

Според планот, вкупната површина која ќе биде предмет на јавниот оглас е на 517 хектари и тоа во следните региони во Република Македонија: Берово, Велес, Гостивар, Дебар, Куманово, Кавадарци, Неготино,Свети Николе, Струмица, Штип и Крива Паланка. Периодот на закуп е во времетраење од 15 години.
Оваа недела се очекува јавниот оглас да биде објавен во Службен весник и во три дневни весници, по што сите заинтересирани ќе можат да конкурираат.

Share
Прочитај повеќе