Силно невреме во Прилеп, оштетени површини со тутун, пиперки и житни култури

Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. Сто отсто се уништени површините со тутун, пиперки и житни култури.

Share
Прочитај повеќе

Пријавување за берачи на боровинки на Пелистер до 27 јули

Бербата на боровинки во националниот парк „Пелистер“ ќе почне на 28 јули. Вака одлучи ЈУ Национален парк „Пелистер“ – Битола во договор со претставници на фирми кои се занимаваат со откуп на боровинка и други шумски производи.
Обезбедена е и соодветна дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Секоја педа обработливо земјоделско земјиште ќе биде во рацете на вистинските земјоделци

Главната цел на заедничката земјоделска политика е да се обезбеди стабилно снабдување на пазарите со земјоделски производи по пристапни цени од една страна и соодветен приход за земјоделците од друга страна. Со влезот во ЕУ – се отвора и пазар од 500 милиони потрошувачи, како и голем број на европски фондови.

Share
Прочитај повеќе

Јавен оглас за „Набавка на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари, и други зафати на површинска вода

Максималната сума која може да ја земе секое поединечно земјоделско стопанство изнесува 1.800.000 денари за земјоделците кои ќе аплицираат за систем за наводнување, додека за инвестиции во бунари максималната сума е 364 илјади денари. Рокот истекува на 21 август.

Share
Прочитај повеќе

Започна изградбата на браната ХС Конско, најголем инфраструктурен зафат во овој регион во последните 50 години

Браната Конско ќе обезбеди вода за наводнување на земјоделските површини од овој регион во сушниот период, кога водата е најпотребна. Во моментот, од можните 12.326 хектари обработлива површина во овој регион едвај се наводнуваат 2.632 хектари. Реалноста е дека во моментов има доволно вода само за околу 1.500 хектари.

Share
Прочитај повеќе