Како до поголеми приноси кај пченката

Пченката е култура која е силно зависна од наводнувањето. Потребата од вода се зголемува во месеците кога испарувањето го достигнува својот максимум, јуни, јули и август, во периодот кога растението цвета, се опрашува и оплодува, па се до налевање на зрното.

Share
Прочитај повеќе

Сузбивање на јаболковиот црв

Поставување на ловни појаси од ребреста хартија околу стеблата на јаболката за ловење на гасениците кои се подготвуваат за презимување или куклење. За првата генерација ловните појаси се поставуваат во мај, а се отстрануваат кон средината на јуни. За втората генерација се поставуваат во јули, а се отстрануваат по бербата на јаболката. По отстранувањето, ловните појаси, заедно со уловените гасеници, се спалуваат. Пожелно е и отстранување на паднатите црвливи плодови од овоштарниците.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Ниту една Влада досега пред време не ја отворила темата за откупот на грозје

– За кои било земјоделски култури оваа година субвенциите ги исплативме навреме и многу порано ги започнавме разговорите околу дефинирање на процесот на откуп, така што во следните неколку дена ќе имаме средба со откупувачите и ќе имаме една заедничка на која ќе ги дефинираме следните чекори за да навремено го носиме одлуките и да биде подготвен откупот за оваа реколта, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Тутунарите бараат субвенциите да се исплаќаат по килограм тутун, а не по класа

Тутунопроизводителите од под плачковичките села во Карбинскиот регион бараат да се врати стариот модел на субвенционирање со линеарна исплата за предадените количини тутун, без разлика на класа.

Share
Прочитај повеќе

Пчелниот воздух корисен за здравјето на луѓето, АПИ комори и во Македонија

По медот, поленот, прополисот, веќе познати корисни производи од пчелата, и воздухот што го создаваат околу нивните сандачиња е лековит. Таканаречената „Air therapy“ се спроведува во специјални АПИ комори кои веќе се отворени и во Македонија.

Share
Прочитај повеќе