Асоцијацијата на земјоделци се согласува со МЗШВ за производствената цена на пченицата од 9,14 денари

Асоцијацијата на земјоделци се согласува со пресметките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека производствената цена на пченицата изнесува 9,14 денари. Претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев вели дека годинава се намалени приносите на лебното зрно, поради врнежите од дожд и невремто проследено со град.

Share
Прочитај повеќе

Владите на Македонија и Косово преговараат за изнаоѓање решение за зголемените царини

Во насока на решавање на проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово, министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот. Следната недела е планирана заедничка средба на сите ресорни министри од регионот, на која што ќе присуства и министерот Николовски, а се со цел да се добие заеднички модел за надминување на проблемот.

Share
Прочитај повеќе

И Бектеши официјално побара Косово да ја повлече одлуката за зголемените царини

Бектеши во писмото наведува дека мерката не е во согласност со ЦЕФТА Договорот и е во спротивност со Заедничката декларација која се однесува нa примена на правилата и постапките на СТО. Воедно бара итен состанок на сите земји потписнички на ЦЕФТА Договорот и очекува повлекување на одлуката од косовска страна, а доколку тоа не се случи во најкус временски рок, една од опциите, како што нагласува, е воведување контра-мерки со цел заштита на домашното производство.

Share
Прочитај повеќе

Македонија ќе воведе контра мерки доколку Косово не ја повлече одлуката

Македонија и официјално, со допис до ЦЕФТА, ЕУ и Владата на Косово, побара повлекување на времената  одлука за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. Ако Косово не ја повлече одлуката, Владата на Република Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Share
Прочитај повеќе

Со повисоките царини за македонските земјоделски производи запре извозот во Косово

Повисоката царина што ја воведе Косово за македонските земјоделски производи целосно го стопира извозот од земјава таму. Според информациите од царинската управа вчера ниту еден камион не ја поминал границата. Дневно на оваа релација се извезувале до 300 тони, но сега извозот на земјоделски производи  кон Косово е сведен на нула.

Share
Прочитај повеќе

Прилепските тутунари загрижени за родот

– Тутунот израсна наеднаш, кревок е и му треба сонце за да добие на квалитет. Листовите се поголеми и од параметрите што се пропишани за откуп. Значи, ќе падне квалитетот доколку не го „испече“ сонцето за да добие на тежина. А годинава вложивме многу во заштитни препарати. Тешка година е. Има време во август и септември, ако има сонце да се поправи ситуацијата, ама загрижени сме. Што ако има квантитет, а нема квалитет, напоменува Тошески.

Share
Прочитај повеќе