Што забранува и на што обврзува „Мој ДДВ“?

Стартуваше Проектот „Мој ДДВ“, со кој граѓаните можат да го искористат правото на поврат на 15% од платениот ДДВ. Од информациите што ги пласираат надлежните институции во системот веќе се регистрирани значителен број на лица кои сакаат да го искористат правото кое е овозможено со Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица. Сепак, потребно е да се знае дека овој Закон освен правото на поврат на ДДВ кое го овозможува, наметнува и одредени ограничувања за физичките лица, како и одредени обврски за правните лица, за чие непочитување, односно постапување спротивно на истите се предвидени и прекршочни санкции. Казните се однесуваат на правните лица за непријавувањето до Управата за јавни приходи на фискалната сметка која ја сторнира и сторната сметка и на физичко лице кое пријавило фискална сметка издадена за плаќање комунална услуга или фискална сметка која била издадена за извршен промет кон правно лице.

Share
Прочитај повеќе

Профитот на Coca Cola во вториот квартал 2,6 милијарди долари

Американската компанија Coca Cola ги надмина очекувањата со профитoт остварен во вториот квартал и ја зголеми прогнозата за приходите за целата година. Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци соопшти дека сега очекува органски раст на приходите од пет проценти во целата 2019 година, што е поголема проекција во однос на претходниот прогнозиран раст од околу 4 проценти, објави агенцијата Reuters.

Share
Прочитај повеќе

Македонија забрани увоз на месо и добиточна храна од државите каде има регистрирано африканска свинска чума

Во Македонија нема присуство на болеста африканска свинска чума, уверуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Велат дека деноноќно ја следат состојбата на терен, а подготвени се за спроведување интервентни мерки во случај африканската чума да се појави во земјава. Поради појавата на блиски жаришта во соседството, Агенцијата ги зголемува безбедносните мерки и воведува забрана за увоз и транзит на свинско месо, производи од свинско месо и добиточна храна од земјите каде е утврдено присуство на болеста.

Share
Прочитај повеќе

АХВ со апел за спречување на евентуална појава и ширење на Африканската чума кај свињите во Македонија

-НАПОМЕНУВАМ во моментов во Република Северна Македонија нема појава на болеста Африканска чума кај свињите, ниту во фармите, ниту кај популацијата диви свињи.
Агенцијата ќе продолжи будно, на секојдневна основа да ја  следи состојбата со болеста во соседството и во другите земји каде е потврдено нејзиното присуство и доколку има нејзина појава и кај нас, навремено ќе реагира и ќе ја информира јавноста, истакна на пресконференција директорот на АХВ, Зоран Атанасов.

Share
Прочитај повеќе

Барањата за ИПАРД 2 ќе се одбиваат ако не се комплетни

Секоја апликација за средства од ИПАРД 2 ќе се одбива како неоснована ако не ја содржи потребната документација, предвидуваат измените на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој што денеска го поминаа првото читање во матичната собраниска Комисија.

Share
Прочитај повеќе

Опасната Африканска свинска чума стаса до Бугарија

-АЛАРМАНТНА И ОПАСНА е состојбата со појавата на вирусот Африканска свинска чума за која нема лек ни вакцина, може да го уништи свињарството во земјава и сите фарми да се затворат, а луѓето да останат без работа.
Колку е сериозна ситуацијата и што треба да се превземе, денеска во 10 часот прес конференција ќе одржи директорот на АХВ, Зоран Атанасов, истакна Ленче Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците ќе добијат полни резервоари зелена нафта

Зелената нафта која земјоделците ќе ја добијат до крајот на месецов, веќе одамна се применува во многу земји во Европа и во соседството. Според агроекспертите оваа мерка, која земјоделците долго ја очекуваа ќе придонесе за поголема конкурентност на македонското земјоделско производство и намалување на трошоците за производство

Share
Прочитај повеќе

Во Крушево трибина за придобивките од развој на еко туризмот

Трибина „Придобивки од развојот на еко туризмот”, ќе се одржи денеска во Крушево, во организација на партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ).

Share
Прочитај повеќе

Исхрана на свињите за тов

За исхрана на свињитњ за тов, обично се користат две смеси. Во првиот временски период (од 25 до 60 кг) се дава мешавина од 16% протеин, а подоцна и од 60 до 100 кг мешавина од 14% протеин. Главен извор на енергија во мешавината, обично е пченката,а основен извор на протеини е соина сачма. Составот на оброкот за свињите не треба да биде константно ист, треба да се менува во зависност од цената на суровините и товните свињи на пазарот.

Share
Прочитај повеќе

Колку пари има во бизнисот со цигари и тутун?

Бизнисот со цигари и тутун и покрај многубројните строги ограничувања и останува економска дејност од која може да се егзистира пристојно.  Најголемата тутунска компанија во седиште во Македонија е „Империјал тобако ТКС Скопје“. Неговиот оперативен профит лани е 10 отсто од приходите од продажба

Share
Прочитај повеќе