Николовска: Во амбиент на жетва, со насмеани земјоделци и расположен премиер, првите картички за „зелена нафта“

-А задоволството на земјоделците беше нескриено, тие всушност и најдобро знаат што значи ова за нив, за нивното производство, за нивната заработка. Оти нели, сите работиме за да заработиме, а земјоделското производство да го направиме конкурентно, истакна Николовска.

Share
Прочитај повеќе

Капитални инвестиции за руралните средини во битолскиот регион

„Преку реализација на овие проекти за кои денес доделивме решенија значитечно ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните и од овој регион и од цела Северна Македонија. Ќе се реконструираат патишта, ќе се прават пристапни патишта до земјоделското земјиште, ќе се уредуваат излетнички места, а ќе се направи и адаптација на пазарот во Битола. Во Општина Битола ќе се инвестираат вкупно 32 176 406 денари“, рече премиерот Зоран Заев.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Заедно со тимот ќе се фокусираме на успешно реализирање на започнатите проекти

-Нормално дека има разлика од позицијата соработник и прв човек на министерството, но има и предност а тоа е дека сум запознат со целокупната состојбата во секторот, со институцијата, со секоја мерка, политика и проект, што е олеснителна околност во насока на успешно продолжување на сето она што го започна претходниот министер, Љупчо Николовски, истакна Димковски во ексклузивно интервју за печатеното списание „Современо Земјоделство.

Share
Прочитај повеќе

Историски ден за македонското земјоделство-доделени првите картички за „Зелена нафта“

-Единствен услов да се користи картичката е да имаат аплицирано за субвенции за 2018 година. Методологијата односно пресметките се правени на основа на претходната година а земена како основа е вкупната површина и во зависност од која култура ја имаат. Субвенцијата најпрво ќе биде 30 проценти со тенденција да се зголеми до 50 отсто од малопродажната цена на горивото, истакна министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски : Се преземаат сите превентивни мерки за заштита од појава на Африканска чума

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски,  преку  прес конференција ја извести јавноста дека заради превенција од појава на „Африканска чума“ издадено е  Решение за предвремено отпочнување на ловната сезона на лов на  дивеч под заштита.

Share
Прочитај повеќе

Холандски рецепт за одгледување на јагоди

При садењето јагоди, без разлика дали се работи за производство на отворено или во заштитен простор, најважно е да се обезбеди здрав саден материјал од соодветна категорија. Категоријата на садници на јагоди укажува на бројот на цветни зачетоци и обемот на принос, односно бројот на плодови кој можеме да го очекуваме во првата берба по садењето. Во случај на производство на јагоди на отворено, најреално е да бидат посадени садници од А-категорија, затоа што односот на квалитетот и приносот во првата берба со цената на садниците и цената на килограм јагоди е најреален.

Share
Прочитај повеќе

Црвен кардинал, кралот на трпезното грозје

Сортите од трпезно грозје, најчесто се користат за консумирање во свежа состојба или се преработуваат со сушење, конзервирање, кандирање итн. Некои од сортите исто така може да се користат за производство на вино, но за поголемиот дел од него и не доаѓа во предвид поради неговата примарна намена.

Share
Прочитај повеќе

За легализираните дивоградби драстично поевтинува приклучокот за струја

Од РКЕ велат дека ова драстично поевтинување ќе се одобри само на локации каде се изградени повеќе куќи и има пристапен терен, а не на оддалечени подрачја. Се тврди дека овие граѓани немаат вина што во нивните општини советите од разни причини не ги донеле ДУП-овите, регулаторите ги повикаа локалните власти тоа да го сторат што побрзо.

Share
Прочитај повеќе

Готови се проценките по незапамтеното невреме во Преспа: Колкави се штетите?

Во Преспа при невремето кое се случи месецов уништени се плодовите, јаболковите стебла, а дел од нив нема да имаат род и следната година.

Share
Прочитај повеќе

ТИКА преку голем број проекти директно ги помага земјоделците во Македонија

Турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), која во Република Северна Македонија работи од 2005 година, досега има реализирано над 900 проекти од области како што се образованието, здравството, инфраструктурата и заштитата на културното наследство.

Share
Прочитај повеќе