Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски официјално ја предаде функцијата на новиот министер Димковски

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски вчера официјално ја предаде функцијата на новиот министер Трајан Димковски. На прес-конференција Николовски посочи дека новиот министер Димковски ќе ги продолжи започнатите процеси во секторот и отворената комуникација со сите чинители во земјоделството. Посочи дека се што се вети во 2016 година, веќе се заокружува, како што е редовна и целосна исплата на субвенциите, „зелена нафта“, ослободување од персонален данок, инвестиции во капитални проекти за наводнување, нови закони и измени на постојните.

Share
Прочитај повеќе

Малина – здравје и лек

Малината е грмушесто растение. Во првата година израстуваат стебла високи и до 2 метри, а на зима овенуваат. Во втората година овие млади стебла се разгрануваат, цветаат и даваат плод. Стеблото е округло и обраснато со четинести боцки. 

Share
Прочитај повеќе

Само 15 до 20 компании во Македонија го применуваат стандардот за безбедност на храната

Стандардот ИСО 22000:2005,  кој е прв меѓународен стандард што ја третира безбедноста на храната и кој во многу европски земји го има заземено местото на ХАСАП стандардот кај нас, го имаат имплементирано само 15 до 20 компании

Share
Прочитај повеќе

Пролетните дождови го подготвија Стрежевското езеро за летната сезона

Стрежевското езеро има доволно количина вода за во текот на летната сезона да ги задоволи потребите на сите корисници од Битола и битолско. Дождовите во мај го наполнаа езерото кое достигна 95 милиони метри кубни вода.

Share
Прочитај повеќе

УЈП: Апликација Мој ДДВ, достапна од денес

Сите вие кои сте регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Share
Прочитај повеќе

ПРАЗ, многу лесен за одгледување и многу баран на пазарот

Покрај тоа што е здрав, празот и лесно се одгледува. Mоже да се одгледува на два начина: со директно сеење на семето на трајна основа и со производство од расад.

Share
Прочитај повеќе