Збогум лето, денес почнува ЕСЕН!

Ова годишно време ќе трае до 21 декември, кога настапува зимата.

Share
Прочитај повеќе

Забрзано се гради системот за наводнување на јужната долина на Вардар во валандовско, изградени 7.000 метри од планираната мрежа

„Целта на проектот е  по завршувањето околу 2000 хектари да бидат обезбедени со наводнување. Досега, за три месеци,  се изградени околу 7000 метри од поставената планирана мрежа. Се работи за затворен систем, водата со пумпи ќе се носи од реката Вардар, ќе се градат неколку пречистителни станици и водата што ќе се носи до нивите ќе биде филтрирана. Се работи за модерен софистициран систем за наводнување, што многу ќе значи во менаџирањето со наводнувањето и практично искористување на природните ресурси, што крајно ќе влијае и врз подобрување на квалитетот на производите“, изјави министерот Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Кина од државните резерви ќе го надоместува недостигот на свинско месо

Кина има тешкотии со справувањето со свинската чума , поради што досега се убиени околу милион заболени свињи. Од државната компанија, која управува со државните резерви соопштија дека во вторник ќе се одржи аукција на замрзнато свинско месо, кое било увезено од Данска, Германија, Франција, САД и Британија.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Ја имаме предвид сушата, со лозарите ќе ја дизајнираме најавената интервентна мерка од државата за грозјето

-Периодов бевме постојано присутни и во комуникација со лозарите. Се очекуваше вишок на грозје, но сушата придонесе за помали приноси, винариите ќе го откупат целото грозје кое ќе биде понудено. Земјоделците мора да влегуваат во договорни односи со винарниците, да се планира производството, нагласи Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Уште 700 земјоделци од Неготинско треба да подигнат картички за „зелена нафта”

– Вкупниот број на картички беше 3.182, согласно бројот на оние кои поднеле барање за субвенции во 2018 година. Апелираме до сите што можеби не се доволно информирани, дека им следува „зелена нафта”, ако се корисници на субвенции, велат за МИА од Подрачната единица.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски на увид во проектот „Јужновардарска долина“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денеска, на потегот меѓу Удово и Јосифово, ќе изврши увид во градежните работи на проектот „Наводнување на јужната долина на реката Вардар“.

Share
Прочитај повеќе

Кандидати на кои им е одобрено барањето за полагање испит за стопански риболов и за рибочувар

Испитот за рибочувар ќе се одржи  на ден 26 септември 2019 година, со почеток во 11 часот во просториите на Хидробиолошки Завод-Охрид.

Share
Прочитај повеќе

Димковски и Бабовски во посета на винарница во Росоман: Со мерките од ИПАРД 2 се јакнат постоечките погони и се отвораат нови преработувачки капацитети

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, денеска ја посетија винарницата „Мовино“, во Росоман, којашто е корисник на мерките од ИПАРД 2 програмата.

Share
Прочитај повеќе

Руралните заедници во Северна Македонија ќе добијат поттик преку нов проект на ФАО

„Постои јасна потреба да се поддржат македонските рурални заедници преку интегриран пристап – здружување на различни иницијативи за зајакнување на руралните области – како поддршка за развој на вредносниот синџир, подобрено организирање, засилено и одржливо производство и подобрувања во земјоделската инфраструктура“ истакна Мортен Хартвигсен, менаџер на Регионалната иницијатива на ФАО за малите земјоделски стопанства и семејни фарми, во своето обраќање на денешниот настан.

Share
Прочитај повеќе

Започна поднесувањето на барања за субвенции за произведени и предадени јаболки од реколта 2018-та

Од вчера до 15- ти октомври, сите земјоделци кои произвеле јаболка во реколта 2018- та година и количините ги предале на регистриран откупувач во периодот од 12- ти октомври 2018- та година до 25-ти јуни 2019 – та година, ќе можат да поднесат барања за добивање на финансиска поддршка за произведено и предадено јаболко.

Share
Прочитај повеќе