АПРЗ објави јавен повик за учество во подобрување на земјоделските стопанства во Македонија

Повикот се однесува на земјоделски стопанства, производители на тутун кои имаат сопствено или земјиште во владение и доброволно ќе земат учество во проектните активности. Со проектот се обезбедуваат семенски материјал, репроматеријали и секаков вид на други набавки кои се потребни за соодветно спроведување на пилотните активности, посочуваат од АПРЗ.

Share
Прочитај повеќе

Од 50.000 до 80.000 евра за развој и поддршка на земјоделски задруги

Предавачите на сесијата, Драган Перич и Мирослав Ковач, како успешен пример ја претставија земјоделската задруга Златна долина од Славонија, Хрватска. Станува збор за здружување на 13 селани уште во 2001 година, со заедничка ветеринарна амбуланта, млекарница и продажен простор што освен за нивните потреби се користи и од други земјоделци.

Share
Прочитај повеќе

ФАО ценовниот индекс на храната – стабилен во август

ФАО индексот на цените на месото остана во голема мера непроменет во текот на месецот, со оглед дека извозните цени на свинско и овчо месо пораснаа при големиот интерес за увоз од Кина, што го надомести падот на цените на живината и на говедското месо заради извозниот притисок од Соединетите Американски Држави.

Share
Прочитај повеќе

Информативни средби во Битола и Прилеп за проектот „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”

– 06.09.2018 (четврток), 10:00 – 12:00, Битола во НУ Центар за култура – Битола;

– 06.09.2018 (четврток), 16:00 – 18:00, Прилеп во старата Општинска сала.

Share
Прочитај повеќе

Јавен оглас бр.07/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина  од 834ха 54ар 90м2  и  тоа за следните региони во Република Македонија:
Битола, Велес, Македонски Брод, Гевгелија, Демир Хисар, Крива Паланка, Кратово, Струмица, Пробиштип, Тетово.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Се насочуваме кон промоција на македонските земјоделско-прехранбени производи на шпанскиот пазар

Министерот посочи дека особено за виното, за кое и покрај големата конкуренција на вина со потекло од Шпанија, овој пазар ќе биде отворен затоа што македонските вина се карактеризираат со врвен квлитет, потоа, ајварот, лутеницата, останатите преработки од зеленчук и други традиционални производи. 

Share
Прочитај повеќе

Со измените на Законот за ветеринарно медицински препарати до поголема заштита на здравјето на потрошувачите и благосостојбата на животните

Владата на вчерашната седница ги донесе измените и дополните на Законот за ветеринарно медицински препарати. Основната цел на законските измени и дополни е унапредување на заштита на здравјето и интересите на  потрошувачите и степенот на здравствена заштита и благосостојба на животните како и обезбедување на соодветна  деловна клима за бизнис операторите.

Share
Прочитај повеќе

Петар Јанчески од Кривогаштани: Огласот „Млад Земјоделец“ ме направи успешен млад земјоделец

-Аплицирав за огласот „Млад Земјоделец“ и веднаш ми одобрија. Тоа беше неопишлива среќа. Конечно добивме нов Трактор Тафе, 12 инчен плуг  и четирикрилна брана. Немам зборови да искажам колку оваа помош од државата за моето семејство значи, рече Јанчески.

Share
Прочитај повеќе

Бугарските земјоделци годишно имаат 1 милијарда евра за развој на аграрот

– „Македонски земјоделци вам ви е потребна ЕУ, фондовите и сигурноста која ја нуди. Бугарија е најдобриот пример во регионот какви придобивки носи членството во европското семејство. Само лани за аграрот имавме 1 милијарда и 600 милиони евра, 150 од домашен буџет, сите останати од ЕУ“, рече Порожанов.

Share
Прочитај повеќе

Повторно се произведува кралско вино

По четири години пауза, изминативе две  години повторно се откупува грозје и се прави вино во демиркаписката винарница, своевремено изградена од кралот Александар Први Караѓорѓевиќ. За неа овде велат дека е најстарата винарија на Балканот, изградена во 1928 година. 

Share
Прочитај повеќе