Почвата во Велес и околината и натаму загадена, предизвикувач е ридот со згура од тешки метали кај Топилницата

Почвата во Велес и по вршењето на деконтаминацијата со растенија фиторемедијатори сè уште е загадена со тешки метали, покажале лабораториските анализи на стручњаците од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес. Почвата и натаму ја загадува ридот со згура што се наоѓа во близина на Топилницата. Затоа еколошките здруженија бараат дислокација на оваа згура и координација со земјоделците, eкспертите, невладините организации и надлежните локални и државни институции за да се усвои стратегијата за деконтаминација на почва и да се примени во Законот за почви.

Share
Прочитај повеќе

Позната фирмата која ќе ги снабдува земјоделците со зелена нафта

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави името на економскиот оператор кој го добил тендeрот за набавка на „зелена нафта“ на земјоделците. Од агенцијата велат дека операторот „Макпетрол акционерско друштво за промет со нафта и нафтени деривати Скопје“ ги исполнил сите услови согласно барањата во тендерската документација.

Share
Прочитај повеќе

Преку земјоделско здружување до поголемо и поквалитетно производство на млеко

-Знаеме дека сточарството е главен сегмент за развој на агросекторот и затоа посветуваме едно поголемо внимание каде со подобрување на условите би овозможиле на сточарите и на млекарниците да бидат поконкурентни на пазарот. Да се продолжи задругарството е клучно за малите сточари, но и други земјоделци со помал обем на земјоделство, истакна министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец јули – Сточарство

Во месец јуни, млечните раси животни се пуштаат на испаша и се прехрануваат воглавно со свежа трева. Ова не ја исклучува и дополнителната прихрана со концентрирана храна, на која количината и се одредува во зависност од поединечната телесна состојба и млечност на животните.

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец јули – Поледелство

Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати. Кај компирот продолжува борбата против компировата златица. Во овој период започнува бербата на раните сорти компир.

Share
Прочитај повеќе

Календар на активност за месец јули – Лозарство

Уште на самиот почеток од месецот се почнува со филизење. Се отстрануваат вишокот леторасти во почетокот на нивниот раст. На овој начин се регулира бројот на леторастите, се обезбедува подобар раст и подобро зреење на прачките, се олеснува борбата против различните болести и штетници, се подготвува лозата за наредната резидба и се регулира соодносот помеѓу родните и неродните леторасти.

Share
Прочитај повеќе

Календар на активности за месец јули – Овоштарство

Овој период овошните дрва се во интензивен раст. Не смее да се дозволи тој да стивне поради недостаток од вода. Обилните полевања и прихранувањето по потреба, се одразуваат добро на растот и на плодообразувањето, како и на формирањето на родна папка. Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата.

Share
Прочитај повеќе

11 земјоделски задруги добија финансиска поддршка од над 9 милиони денари преку Програмата за рурален развој

Шефот на кабинетот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Никица Бачовски, истака дека задругите се важни затоа што отвораат пристојни работни места во секторот земјоделството а исто така земјоделците преку здружување стануваат поконкурентни на пазарот.

Share
Прочитај повеќе

Под слоганот „Не гледај во небото, осигури се“ , трибина во Ресен

Со трибина во Ресен на 8 јули, продолжува  едукативната кампања за подигнување на јавната свест за земјоделско осигурување во организација на земјоделското здружение „Современо земјоделство“ и осигурителени компании, а со поддршка од Владата на Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Со изградбата на браната Отиње ќе се овозможи наводнување на околу 200 хектари земјоделска површина

Изградбата на оваа брана ќе придонесе за навремено обезбедување на техничка вода, заштита од поплави, сурова вода за пиење, но и она што е најважно за секторот земјоделство, со водата од браната ќе се овозможи и наводнување на околу 200 хектари земјоделска површина.

Share
Прочитај повеќе