Пелистерка прокнижи добивка од 4,8 милиони денари
Компанијата Пелистерка од 1-ви јануари до 31-ви декември лани, работеше со добивка 4.817.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успехот објавен на Македонската берза.
Прочитај повеќеза вистински земјоделци
Компанијата Пелистерка од 1-ви јануари до 31-ви декември лани, работеше со добивка 4.817.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успехот објавен на Македонската берза.
Прочитај повеќеСпоред објавените податоци на Државниот завод за статистика, состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во февруари 2019, во однос на јануари 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на јануари 2019 година.
Прочитај повеќеАгроекспертите сметаат дека покрај земјоделските машини и алати за успешно и квалитетно производство земјоделците треба да ги користат и современите информатички алатки. Интернетот и современите информатички технологии може да им помогнат на земјоделците да разберат како до дојдат до поголема продуктивност, поголема ефикасност и подобри резултати.
Прочитај повеќеПекорино романо е тврдо сирење со извонреден квалитет чија боја може да варира од бела до различни нијанси на слама во зависност од условите во кои е произведено, како и тенка кора со боја на бледа слонова коска. Ова сирење има остар, пикантен вкус, кој е лесно зачинет кога се користи како трпезно, додека кај ренданото пекорино романо сирење се чувствува интензивно зачинет вкус. Пекорино романо не се конзумира веднаш по производството, туку треба да созрее одреден период. Така, доколку станува збор за трпезно сирење, минималниот период на зреење треба да изнесува најмалку 5 месеци, а ако е наменето за рендање тогаш пекорино романо треба да се остави да зрее најмалку 8 месеци.
Прочитај повеќеЛуковата мува или Hylemia antiqua е инсект кој, обично го напаѓа лукот, а ретко и кромидот.
Прочитај повеќеПретставници на експертските групи на Светската Здравствена Организација (СЗО) во рамки на нивната работилница за заедничка надворешна евалуација на Меѓународниот здравствен правилник која се одржува во Скопје, ја посетија и Агенцијата за храна и ветеринарство. Целта на посетата е детално запознавање и презентирање на активностите кои Агенцијата ги презема во областа на јавното здравство, здравствената заштита на животните, особено во делот на превентива и контрола на зоонозите, безбедноста на храна и антимикробната резистенција.
Прочитај повеќеЦрешите и вишните ѓи напаѓаат голем број на патогени микроорганизми, но економски најзначајна болест е пегавост на лисјата. За жал, сите комерцијално важни сорти се осетливи на пегавост на лисјата. Се јавува во сите подрачја каде се одгледуваат вишните и црешите.
Прочитај повеќеДенеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци. Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници. Со денешната исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, МЗШВ заедно со Платежната агенција ги исполнува сите барања на производителите на јаболка, и порано пд рокот кој го бараа овоштарите.
Прочитај повеќеЗаконот за социјална сигурност на постари лица стигна во Собрание и за него ќе се гласа по скратена постапка. Со него е пропишано државната социјална пензија да изнесува 6.000 денари месечно или (96,7 евра) и еднаш годишно да се усогласува со трошоците на живот.
Сите граѓани на Северна Македонија постари од 65 години, кои не ги исполниле условите за пензија и не работеле ниту ден, оваа година ќе добијат државна пензија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера учествуваше на информативните денови на Европската организација за експлоатација на метеоролошките сателити „ЕУМЕТСАТ“, за земјите од западен Балкан. На конференцијата беа презентирани можностите за користење на сателитските метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби.
Прочитај повеќе