Сточарство-календар на активности за месец јуни

Во месец јуни, млечните раси животни се пуштаат на испаша и се прехрануваат воглавно со свежа трева. Ова не ја исклучува и дополнителната прихрана со концентрирана храна, на која количината и се одредува во зависност од поединечната телесна состојба и млечност на животните.

Share
Прочитај повеќе

Поледелство-календар на активности за месец јуни

Во средината на месецот се започнува со жетвата на јачменот. Кај пченицата треба да се продолжи со мониторинг на појава и развој на прашкаста мувла и напад од инсекти и по потреба треба да се третира со соодветни фунгициди и инсектициди. Овесот потребно е да се следи заради појава на житна пијавица и по потреба да се третира со соодветни регистрирани за таа цел препарати.

Share
Прочитај повеќе

Лозарство-календар на активности за месец јуни

Овој период убаво е да се изврши плитка обработка на почвата. Исто така се води грижа
за новите лози. Потребно е да се внимава и на почвата околу пенушките и доколку е поткопана или оштетена од дождовите треба да се корегира и да се надополни.

Share
Прочитај повеќе

Овоштарство-календар на активности за месец јуни

Плитката обработка на почвата штити од брзо испарување на влагата. За младите дрвца, од голема корист е покривање на почвата под нивната крошна со слама, искосена трева или друг соодветен материјал. Оваа практика е позната како прекривка и помага при разредување на поливањето и задржување на влагата.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците очекуваат од 30 до 40 отсто зголемени приноси со „капка по капка“

Од 30 до 40 отсто зголемени приноси, поголема апсорпција на ѓубрива, пониски трошоци и поконкурентно производство ќе добијат 43 земјоделци кои аплицирале за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“. Со оваа мерка, која е дел од Програмата за рурален развој 2018, предвидени се вкупно 20 милиони денари кои ќе им се враќаат на земјоделците по реализација на инвестицијата. Кофинансирањето ќе изнесува од 50 до 75 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Со нови вработувања платежната агенција ќе атакува за повеќе пари од ИПАРД

– Извештајот е сосема реален, Агенцијата навистина треба сеуште да ги зајакне своите капацитети. Веќе исплатените 3 милиони евра покажуваат дека сме на добар пат, а имаме таргет до крајот на годината да исплатиме 8,7 милиони евра, и со тоа навистина ќе го покриеме овој дел од извештајот. Извештајот е во фаза на очекувањата да се дозавршат исплатите“, вели Николче Бабовски, директор на Платежната Агенција.

Share
Прочитај повеќе

Започна потпишувањето на договорите за мерката за кофинансирање на трошоците за набавка на системи капка по капка

Од денеска започна потпишувањето на 43 –те договори за мерката за инвестиции во подземни системи за наводнување капка по капка, од Програмата за рурален развој. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, посочи  дека преку оваа мерка се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на различна опрема потребна за инсталирање на системите за наводнување капка по капка, но и услуги за изведување на градежни работи, инсталирање на опремата, како и за изработка на елаборати и техничка документација.

Share
Прочитај повеќе

Градинарство-календар на активност за месец јуни

Во месец јуни продолжува грижата за градинарските култури кои се одгледуваат во оранжерии. Во слободниот простор кај некои култури, како тиквички, копар и др. Може да се засади праз, целер, кромид и др. Топлотниот режим треба правилно да се регулира во полиетиленските оранжерии – само во ладни денови и ноќи треба да се затвараат вратите и проветрителите.

Share
Прочитај повеќе

Во април спроведени 15.365 инспекциски контроли

Официјалните ветеринари на граничните премини, во април годинава извршиле контрола на 5.342 пратки од увоз со 60.493.516 килограми храна од животинско потекло и живи животни. Вратена пратка од увоз како небезбедна во овој временски период е само една, и тоа путер, по потекло од Украина, заради потекло од објект кој не е на листата на одобрени. Уништени пратки нема. 

Share
Прочитај повеќе

Објавена најавата за нов јавен повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја објави најавата за јавниот повик за Мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 Програмата. Согласно процедурите од Европската унија,  во овој триесет дневен подготвителен период на сите оние земјоделци и агробизнисмени што сакаат да конкурираат, а ги исполнуваат условите, им се дава можност да ја  подготват потребната документација за аплицирање на новиот повик.

Share
Прочитај повеќе