Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија во населба Беровско Езеро

Потпишан договорот за реконструкција на водоводна линија, секундарна и примарна мрежа во туристичка населба Беровско Езеро. Од Општината информираат дека станува збор за приоритетен проектот кој е истакнат како приоритет на средбите кои во изминатиот период се реализирани со сопствениците на викендички од туристичката населба Беровско Езеро.

Share
Прочитај повеќе

Со авионско засејување со сребрен јодит ќе се заштитуваат земјоделските посеви од град

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Управата за хидрометеоролошки работи Костадин Ацевски, на спортскиот аеродром Стенковец, денеска ја најавија авионската заштита на земјоделските површини од временски непогоди, за оваа година.

Share
Прочитај повеќе

Бачовски: Оризопроизводителите ќе добијат кофинансирање за набавка на комбајн

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој обезбедува кофинансирање на трошоците за набавка на комбајн со уред за сечење на сламата, за земјоделците кои имаат засеано минимум еден хектар со ориз.

Share
Прочитај повеќе

Денес сончево со умерена облачност

Вo Македонија времето  денска ќе биде сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Температурите на  воздухот  ќе се движат во интервал од 9 до 18 степени.

Share
Прочитај повеќе

Зголемени водостоите на Охридското и Дојранското Езеро

Водостоите на Охридското и на Дојранското Езеро се повисоки за еден сантиметар во споредба со вчера, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Share
Прочитај повеќе

Во Росоман ќе се проценуваат штетите на овошките од пролетниот мраз

Советот на општина Росоман ја задолжи Комисијата за проценка на штети за седум дена да ги процени оштетувањата од пролетен мраз кај овошките.

Share
Прочитај повеќе

Презентација на авионска заштита на земјоделските површини од временски непогоди

Авионска заштита на земјоделските површини од временски непогоди ќе биде презентирана денеска на спортскиот аеродром Стенковец.

Share
Прочитај повеќе

АХВ и АВМУ потпишаа меморандум за соработка

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за храна и ветеринарство потпишаа Меморандум за соработка, во врска со рекламирање, телешопинг, пласирање производи и спонзорство за храна и додатоци во исхрана во програмите на радијата и телевизиите, особено во поглед на здравствените и нутритивни тврдења, за тврдењата за намалување на ризикот од болест и за измамите поврзани со храна.

Share
Прочитај повеќе

Владата ја донесе петгодишната стратегија за безбедност на храната и храната за животни

Владата на Република Северна Македонија ја донесе Стратегијата за безбедност на храната и храната за животни за периодот 2021-2025, документ кој го подготви Агенцијата за храна и ветеринарство. Во него се отцртани правците на развој на националниот систем за безбедност на храна во наредниот петгодишен период, со основна цел овозможување на соодветно и навремено ефективно справување со сите предизвици од областа на безбедноста на храната и храната за животни. 

Share
Прочитај повеќе

Облачно со локални врнежи од дожд и ветер

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд и значително посвежо на северот и на западот од земјата, информираат од управата за хидрометеоролошки работи.

Share
Прочитај повеќе